Брашното е онаа состојка со која во кујната се создава магија. Sвездата во кулинарската алхемија. Го имаш брашното, сега дознај што сè можеш со него. Малку вода, малку квасец, многу љубов, вешти раце, и брашното оживува во 1000 облици и милион вкусови.
Добредојде на местото каде што заедно го славиме брашното!
Тоа се тие искинати книшки што поминале неколку раце и живеат во секоја кујна, безбедно складирани помеѓу теглите со сол, шеќер и зачини.
Содржат рачно испишани формули на листови собрани и од многу други тетратки, па и понекоја салфетка која дошла при рака во момент на гастрономско просветлување.
Ајде да споделиме, и да ги направиме заедно повторно, тука!