Skip to content
Рецепт

Домашно лепче

Добро е да умееш со рацете. Тоа се вештини на независност и слобода. Ако знаеш да ја размрдаш гумичката на славината, не зависиш од некој таму водоинсталатер, ако знаеш да промениш осигурувач, нема да мораш да чекаш некојси електричар да се појави кога ќе му се ќефне.

Со лебот е малку поинаку.

Не се вика за џабе, да јадеме леб. Овде кај нас, без леб, не се јаде ништо. За почеток, лебот се меси дома. Тоа значи дека местото на кое го месиш тестото е целосно твое. Местото кое мириса на свежо лепче кое се пече или е пекара или е дом. Мирисот на лебот што се пече, смирува. Тоа е ненаучен факт, но е потполно точен, зашто ако знаеш да замесиш и испечеш леб, некако ти станува топло околу срцето.

Додека ја кршиш корката од топлата векна, чувствуваш дека ма што и да се случи, ти и твоите, никогаш не ќе сте гладни, а тоа не е ни малку мало нешто.

Состојки:

Подготовка:

  1. Го замесуваш тестото и оставаш да стаса 1 час. Потоа размесуваш.
  2. Ги формираш векните леб и ги оставаш да стасуваат во тепсијата во која ќе се печат.
  3. Кога ќе бидат спремни, пред печење ги мачкаш со жолчка од јајце и наросуваш со семки по желба. Ставаш во рерна на 200 степени, 30 минути да се пече.
  4. Добиваш интензивна доза на ароматерапија кога ќе замириса цела кујна на свежо печен леб. Животот е убав, а со свежо печено лепче, ајвар и сирење, станува совршен.
  5. Лепчето оди надвор од рерната, се воздржуваш да не го пипкаш додека да се подолади. Сечеш или кршиш и уживаш!
  6. Да, животот знае да биде совршен!