Skip to content
Рецепт

Кифлички

Сите мислат дека кифличката е неозбилна. Некој тврдат дека е и непотребна. Ние веруваме дека е ненадминлива.

Обиди се само да замислиш дали постои нешто што толку совршено лежи во рака, како кифличка? Со другата рака можеш да држиш и шоља кафе, чашка јогурт, џојстик или книга. Со кифличка можеш да правиш што и да посакаш, она ти е идеален сопатник, неа можеш лесно и да ја споделиш.

Кифличките имаат и своја езотерична страна.
Доказ за тоа се оние кои добро ги прават. Тоа се алхемичарки и магионичари. Тета-Марикините или Баба-Десините кифлички се езотерични тајни, чии рецепти во рацете на непросветлените се претвораат во добри, но не и баш толку добри кифлички.
Како во тие рецепти да постои некоја тајна состојка која не се запишува.

Обрати внимание кога ќе ги пофалиш нивните кифлички. Тие никојпат не кажуваат дека знаат да ги подготвуваат, туку скромно ќе го пофалат својот шпорет или брашно – “Ви благодарам, но тоа не е до мене, туку добро ми беше брашното…”

Сега и тебе те воведуваме во тајната.

Состојки:

Подготовка:

  1. Го замесуваш тестото и го делиш на 6 или 8 топчиња. Топчињата се покриваат со кеса да стасаат. Додека тие земаат душа, се прашуваш дали да исецкаш материјал за руска салата сега, или да чекаш до нова година.
  2. Со сукало го растегннуваш секое топче во круг и делиш на 6 или 8 дела.
  3. Полниш по желба со сланина, тиквички, песто и моцарела, завиткуваш и редиш во тепсија обложена со хартија за печење. Така наредени, ги оставаш да стасаат околу 45 минути.
  4. Потоа ги мачкаш со жолчка од јајце, малку зејтин и наросуваш по желба со семки.
  5. Печеш 18-20 минути на 180 степени, откако претходно рерната е загреана на 200 степени.
  6. Правиш список за руска салата.