Интегрален леб со природен квасец Рецепт од Вера Григуричин Интегрален леб со природен квасец Состојки: 100гр стартер 350гр млака вода 250гр бело брашно 250гр интегрално брашно 1 лажичка сол Подготовка: Се замесува и се остава да отстои 10 часа. Кога ќе се префрли лебот во садот за печење се подзасекува за да не испука при печењето.Се пече на 230°C. 20минути во сад со поклопец, потоа 30 минути без поклопец и на крај 10 минути изваден лебот на решетката од шпоретот. 4.2/5
Брауни Колачиња Рецепт од Снеже Брауни Колачиња Состојки: ½ шолја брашно ½ шолја путер 1 шолја шеќер 1/3 шолја какао ¼ лажичка сол ¼ лажичка прашок за пециво 2 Јајца 1 лажиичка екстракт од ванила Подготовка: Направи ја смесата од состојките.Наполни коцкесто тавче, намачкано со путер, со подготвената смесаДекорирај со бадеми.Така направено, тавчето оди во рерна 25 до 30 минути на 175 степени. 4.5/5
Медена Торта Рецепт од Тања Медена торта Состојки: 300гр. Брашно 10гр. пециво Мед 250гр. + 4 лажици за одозгора Несолен путер 225гр. Мусковадо шеќер 100гр. 3 Јајца изматени Подготовка: Се подготвува смесата.Мачкаме со путер длабоко тавче. Го полниме со подготвената смеса.Рерната е подготвена на 140 степени. Печете околу 50 минути. Доколку треба, уште 5 минути на 160 степени.На готовата торта посипуваме одозгора уште 4 лажци мед 4/5